24фудбал

Клоп пријавил интерес за најдобриот стрелец во Бундеслигата, но, ќе се соочи со голема конкуренција

Премиерлигашот ќе има голема конкуренција во битката за доведување на младиот напаѓач кој игра во животна форма во новата сезона од Бундеслигата каде во моментов е најдобар стрелец.

Германија

Ливерпул го стави на списокот на желби најдобриот стрелец во моментов во Бундеслигата, Србинот од редовите на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, но, Премиерлигашот ќе се соочи со голема конкуренција во битката за неговиот потпис.

Јовиќ постигна девет погодоци во шест натпревари во најсилниот германски фудбалски шампионат во новата сезона, а статистиката вели дека тој постигнува гол во речиси секој час минат на теренот.

Bild пишува дека фантастичната форма на Јовиќ веќе го вклучила алармот во Ливерпул, а посебна желба изразил Јирген Клоп, кој бод будно око го следи напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт.

Како и да е, Премиерлигашот ќе има голема конкуренција во своите намери, и тоа од Барселона, а се споменува и Баерн Минхен како заинтересиран за услугите на Србинот.

20 годишниот напаѓач е на позајмица во Бундеслигата од редовите на Бенфика, неговата позајмица истекува идното лето, а со португалската екипа има важечки договор до 2021. година.