24фудбал

Фудбалот добива поголем револуционер од Гвардиола, Тиаго Мота сака да применува формација 2-7-2!

Поранешниот играч на Барселона, Интер и ПСЖ, Тиаго Мота во разговор со Газета дело Спорт ја раскажа својата фудбалска филозофија како тренер и изненади со изјавата за формација 2-7-2.

Франција

Бразилецот, кој има и италијански пасош, во моментов работи како тренер на У19 тимот на ПСЖ и целта му е еден ден седне на кормилото на првиот тим на „Светците“.

„Имам двегодишен договор со У19 тимот на ПСЖ, но мојата цел е еден ден да го предводам првиот тим. Немам ништо против Томас Тухел, го почитувам, едноставно мојата цел е клупата на ПСЖ“ – вели Тиаго Мота.

За фудбалската филозофија која ја негува, 36 годишниот стратег вели: „Сакам офанзивен фудбал, напаѓачки. Тим кој ја наметнува својата игра, притиска високо и има голема мобилност, со и без топка... Сакам играчот со топката секогаш да има три или четири опции за додавање и еден или двајца соиграчи во негова близина за да му помогнат. Во фудбалот многу често најтешки се наједноставните работи како контрола, додавање и ослободување“.

Запрашан каква формација преферира, тој вели: „Не ми се допаѓа кога со бројки се кажува колку играчи се има на одреден дел од теренот, бидејќи тие знаат да ве излажат. Можете да бидете суперофанзивни со 5-3-2 и дефанзивни со 4-3-3“.

„Мојот тим може да игра со формација 2-7-2“ – додаде Мота и го збуни новинарот, кој веднаш го исправи дека се работи за грешка бидејќи тоа значи 12 играчи на теренот.

„Не е грешка. Јас голманот го сместувам во оние 7 од средниот ред. Според мене, напаѓачот е првиот одбрамбен играч, а голманот е првиот напаѓач“.

„Голманот е тој кој ги започнува акциите, првото додавање доаѓа од неговите нозе и напаѓачот е првиот кој прави притисок за да се освои топката“.

Доколку Тиаго Силва остане доследен на својата филозофија, фудбалот би можел да види и поголем револуционер од Пеп Гвардиола, кој со Барселона и познатата „тика-така“ ги освои симпатиите на фудбалските фанови ширум светот.