24фудбал

ПСЖ во големи проблеми, Нејмар и Мбапе се повредија!

Двете најголеми ѕвезди на ПСЖ, Нејмар и Мбапе заработија повреди во настапите за своите репрезентации и се неизвесни за мечот против Ливерпул од Лигата на шампионите.

Франција

ПСЖ за осум дена игра исклучително важен меч во Лигата на шампионите против Ливерпул во Париз, а денеска за нив стигнуваат непријатни вести. Нејмар и Мбапе се повредија.

Нејмар се повреди во мечот меѓу Бразил и Камерун. Тој го повредил мускулот на ногата со кој и претходно имаше проблеми.

Мбапе заработи повреда на мечот меѓу Франција и Уругвај. Тој при судир со противничкиот голман го повреди рамото по што веднаш беше заменет.

Колку долго ќе отсуствуваат од теренот и дали некој од нив ќе биде подготвен за мечот со Ливерпул останува да видиме по деталните прегледи.