24фудбал

Полиција упадна во семејниот дом на Роналдињо, запленети три возила, уметничка слика, телевизори, маса за билјард...

Обвинителство откри дека полиција влегла во семејниот дом на Роналдињо, запленети се три луксусни автомобили, уметничка слика, телевизори па и маси за снукер и фусбал.

Јужна Америка

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Барселона и Милан во последно време е во центарот на вниманието поради проблеми со законот во родниот Бразил.

Неодамна му беше конфискуфан пасошот откако беше установено дека во банка има само 6 евра а на државата и должи 2 милиони евра за нелегална градба.

Но ова не е единствениот проблем, синоќа полиција упаднала во семејниот дом на Роналдињо и запленила три луксузни автомобили (два од марката БМВ и еден Мерцедес), уметничка слика, телевизори, маса за бијлард и фусбал.

Налогот е издаден за да се наплати казна која ја заработил неговиот брат Роберто де Асис за случај од 2013 кој е поврзан со изградбата на Институтот Роналдињо Гаучо и Центарот Роналдињо Гаучо во 2007. Тогаш е извршена нелегална сеча на локална шума и градба на земјиште без потребните документи за заштита на околината.

Обвинетите се сложиле да ја надоместата штетата, но тоа никогаш не го стириле, па обвинителството сега издало наредба за запленување на имот.

Адвокатот на Роналдињо за медиумите од Бразил истакна дека возилата не се во сопственост на поранешниот фудбалер, туку на неговиот брат и бил запленет имот кој бил оставен како гаранција во случај штетата да не биде надоместена.

Во меѓувреме, Роналдињо продолжува да шета низ светот. Минатата недела беше во Франкфурт каде одигра пријателски меч, а пред неколку дена на Инстаграм се пофали дека е во Дубаи.