24фудбал

Баерн не може да победи ни против Фортуна, Алкасер даде гол по само две минути откако влезе (ВИДЕО)

Баерн Минхен одново разочара, пред своите фанови прокоцка предност од два гола против новолигашот Фортуна и остана без планираните три бода, Пако Алкасер погоди против Маинц во победата на Дортмунд од 1-2.

Германија

„Баварците“ се надеваа дека денеска ќе се рехабилитираат по серијата лоши резултати, на Алианц Арена гостуваше повратникот во елитета, Фортуна Дизелдорф.

И се укажуваше на тоа дека Баерн ќе освои три лесни бода откако Суле погоди во 17. минута за 1-0 а веќе во 20. минута Милер стрелаше за 2-0.

Кон крајот на првиот дел, Лукебакио ги врати гостите во игра, но Милер во 58. минута со својот втор погодок ја врати предноста од два гола. Но очигледно нешто не штима кај актуелниот шампион, па Лукебакио најпрво намали на 3-2 во 78. минута од мечот за потоа во 93. минута да го шокира фаворитот, да донесе 3-3 и голем бод за гостите.


Дортмунд забележа нова победа и слаеше на гостувањето кај Маинц. Алкасер само две минути по влегување во игра донесе водство за „Милионерите“. Куаисон изедначи на 1-1 во 70. минута, но Пишчек се погрижи гостите да си заминат со три бода и ги постави конечните 1-2 во 76. минута.