24фудбал

Навивачи на Ривер го нападнаа автобусот на Бока со камења и солзавец, Тевез и уште неколку соиграчи повраќале (ВИДЕО)

Голем инцидент пред реваншот помеѓу Ривер и Бока во финалето на Копа Либертадорес, домашни фанови го нападнаа гостинскиот автобус па мечот би можел да биде суспендиран.

Јужна Америка

Новата средба помеѓу лутите градски ривали очигледно не може да помине без инцидент. Автобусот со кој патуваа играчите на Бока беше нападнат. Фанови на Ривер фрлале камења и солзавец, па неколку играчи, помеѓу кој и Тевез повраќале.

Поради овој немил настан, мечот што во 21 часот треба да започне на „Монументал“ сега е под знак прашалник.

Како што пренесуваат медиумите од Аргентина, преставници на двата тима и делегатот разговараат како ќе се продолжи понатаму, дали мечот ќе започне со некој час задоцнување или пак можеби дури и да биде суспендиран.