24фудбал

Ковач е на излезна врата од Баерн Минхен, Венгер доаѓа на негово место?

Состојбата во Баерн Минхен не се подобри по последниот прес на раководството на клубот, па Нико Ковач е се поблиску до излезната врата од клубот, а шпекулациите велат дека Арсен Венгер ќе биде негов наследник.

Германија

Арсен Венгер е во потрага по нов предизвик откако го напушти Арсенал по 22 години. Последните шпекулации велат дека Баерн Минхен ќе биде следниот клуб на Французинот.

Германскиот шампион во моментов е на петтото место на табелата, а изминатиот викенд Баерн Минхен доживеа ново разочарување откако прокоцка водство од 3-1 и одигра 3-3 против Фортуна Дизледорф.


Се верува дека Венгер со две раце би прифатил понуда од Баерн Минхен, 69-годишниот стратег сака да ја заврши долгата кариера на највисоко ниво со освоен голем трофеј.

Тој не би имал проблем со прилагодување бидејќи германскиот е еден од јазиците кои ги говори течно.