24фудбал

Примитивно и срамно: Фанови на Ривер шутираа прасе облечено во дресот на Бока! (ВИДЕО)

Дербито меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс кое требаше да биде празник за фудбалот во Јужна Америка и светот, се претвора во најголемиот срам за Аргентина.

Јужна Америка

Се уште е неизвесно дали реваншот на „Монументал“ воопшто и ќе се одигра поради нападот на навивачите на Ривер врз фудбалерите на Бока, а од Аргентина пристигнуваат нови сцени кои ја згрозуваат јавноста.

Навивачите на Ривер се изживуваа врз прасе облечено во дресот на Бока, го фрлаа, го шутираа и се смееја. Ваквото нивно примитивно однесување наиде на осуда и срам кај јавноста во Аргентина.