24фудбал

Бомбашот кој го нападна автобусот на Борусија Дортмунд доби 14 години затвор

Човекот одговорен за бомбашкиот напад врз автобусот на Борусија Дортмунд кој се случи во 2017 година е осуден на 14 години затвор.

Германија

Лицето Сергеј В. како што го ословуваат германските медиуми поради законот за приватност, беше обвинет за обид за убиство од судот во Дортмунд.

Тој денеска ја доби казната, а таа е 14 години затвор, плус треба да му плата 15.000 евра на дефанзивецот Марк Бартра кој беше повреден од нападот.

Инцидентот во кој беше повреден и полициски офицер се случи на 11 прил пред почетокот на мечот од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Монако. Тогаш три екплозии се случија во близина на автобусот кој имаше значителни оштетувања.

Напаѓачот беше уапсен десет дена по нападот. 29-годишниот Сергеј е германски државјанин кој во оваа земја пристигнал од Русија на 13 годишна возраст.