24фудбал

Бока не сака да игра и инсистира на победа на зелена маса: Ако треба ќе се жалиме и до Судот за спортска арбитража!

Претседателот на Бока јуниорс, Даниел Анхеличи изјави дека тие немаат намера да го играат реваншот со Ривер и го потврди ставот дека бараат победа и титула на зелена маса.

Јужна Америка

КОНМЕБОЛ попладнево соопшти дека очекува реваншот помеѓу Ривер и Бока од финалето во Копа Либертадорес да се игра на 8. или 9. декември, надвор од Аргентина.

Бока јуниорс сепак е незадоволна од олдуката на Конфедерацијата на Јужна Америка да закаже термин. Првиот човек на клубот, Даниел Анхеличи уште еднаш потврди дека тие немаат намера да играат и инсистираат службена победа а со тоа и пехарот од Копа Либертадорес.

„Не сум задоволен што КОНМЕБОЛ закажа термин. Не прифаќаме да играме никаков натпревар се додека дисциплинската комисија не донесе одлука. Веруваме дека има доволно докази за службена победа“ – вели претседателот на Бока.

„Внимателно слушнавме што има да каже претседателот на КОНМЕБОЛ, но ние ги презентиравме нашите аргументи. Побаравме Ривер да биде дисквалификуван и сега ќе ја чекаме одлуката на дисциплинската комисија. Се надеваме дека ќе одлучат без никаков притисок, тие се независно тело“.

„Свесни сме дека КОНМЕБОЛ прави планови мечот да се игра на 8. или 9. декември надвор од Аргентина, но ние не планираме да играме. Доколку одлуката на дисциплинската комисија не биде во наша корист тогаш ќе се жалиме, најпрво до КОНМЕБОЛ. Доколку и од таму добиеме негативен одговор, ќе одиме и до Судот за спортска арбитража (ТАС)“.