24фудбал

Претера ли Мурињо со прославата? (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со гол на Фелаини во 91. минута го победи Јанг Бојс, а Жозе Мурињо погодокот го прослави на специфичен начин.

Англија

Манчестер јунајтед дури во 91. минута и тоа против Јанг Бојс го постигна првиот гол на домашен терен во Лигата на шампионите оваа сезона. Погодокот го однесе англискиот тим и во осминафиналето, а Жозе Мурињо повторно беше во центарот на вниманието.

Кога Фелаини го даде голот, Мурињо ги зема шишињата со вода и ги тресна од земја. Некој ќе рече дека можеби Португалецот претерал во прославата, но емоциите беа големи.