24фудбал

Икарди пушти срце, потроши 170.000 евра за да ги почести соиграчите од Интер со „Ролекс“ (ФОТО)

Мауро Икарди имаше пријатно изненадување за соиграчите пред мечот со Тотенхем, ги почести соиграчите со „Ролекс“ часовници поради тоа што му помогнале да стигне до насловот „Капоканониере“.

Италија

Мауро Икарди се повеќе и повеќе е лидер на овој Интер. Капитенот, во пресрет на важниот дуел со Тотенхем во Лигата на шампионите, ги почести соиграчите со „Ролекс“ часовници за да им се заблагодари што му помогнале минатата сезона да стане најдобар стрелец во Калчото.

„Дефинитивно нема да ја заборавам наградата „Капоканониере 2017/18“. Но сакам овој спомен да го споделам, бидејќи без вас немаше да успеам“ - напиша напаѓачот на социјалните мрежи.

„Ролекс“ часовник добија сите играчи кои се дел од експедицијата на Интер во Лондон. Но Муаро Икарди на Инстаграм Стори откри дека останатите не треба да се грижат и подарок ќе добијат и оние кои останаа во Милано (Жоао Марио, Далберт и Гаљардини) како и оние кои повеќе не се дел од составот (Лисандро Лопез, Нагатомо, Пинамонти, Едер, Карамо, Сантон, Рафиња и Кансело).

Според пишувањата на медиумите од Италија, Мауро Икарди вкупно купил 34 часовници, секој вреден по 5.000 евра, односно вкупно 170.000 евра.