24фудбал

Челси му даде четири гола на ПАОК (ВИДЕО)

Челси со убедливи 4-0 го совлада тимот на ПАОК, со истиот резултат Ајнтрахт Франкфурт го победи Марсеј и ја потврди доминацијата во групата.

Лига Европа

Челси го доби и петтиот натпревар во петтото коло од групната фаза во Лига Европа, овој пат настрада тимот на грчки ПАОК. Сари им даде шанса на тие што помалку играат во Премиерлигата, но и тие беа пресилни за противникот.

Жиру даде два гола во првото полувреме, Худсон Одои зголеми на 3-0 во вториот дел, а на десет минути пред крајот и Мората се запиша во листата на стрелците кои влезе на местото од Жиру неколку минути претходно.

И Ајнтрахт дојде до петтиот триумф и тоа со победа над Марсеј од 4-0, се очекуваше дека францускиот тим ќе пружи посилен отпор но тоа не се случи.

Јовиќ беше стрелец на два гола, а останатите два беа автоголови на играчи на Марсеј.

Глазгов Ренџерс и Виљареал одиграа без голови, Севиља со 1-0 загуби на гостувањето кај Стандард Лиеж. Пет голови имаше на мечот меѓу Сарпсборг и Вешикташ кој го добија гостите со 3-2. Лацио загуби кај Аполон со 2-0, но тој пораз не боли бидејќи тие се веќе пласирани во следната рунда. Рен со 1-0 славеше на гостувањето кај Јаблонец, Малме и Генг одиграа нерешено 2-2.