24фудбал

КОНМЕБОЛ со полни раце работа, жалба достави и Ривер, не сака да игра во Мадрид!

Конфедерацијата на Јужна Америка има полни раце работа за да го организира реваншот од финалето во Копа Америка, по Бока, и Ривер достави жалба.

Лига на Шампиони

КОНМЕБОЛ синоќа го прецизираше местото и датумот за реваншот помеѓу Ривер и Бока. Лутите ривали треба да се сретнат на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид на 9. декември а мечот ќе започне во 20:30 часот.

Секако, сето ова беше условено од тоа каква казна ќе изрече дисциплинската комисија по инцидентите кои се случија пред „Монументал“ кога со камења и солзавец беша нападнат автобусот на Бока.

Откако неколку дена се прегледуваа доказите, дисциплинската комисија реши да го казни Ривер со парична глоба од 400.000 долари и два меча без публика и да го одбие барањето на Бока за дисквалификација на противникот.

Бока уште од поодамна најави дека нема намера да игра и дека бара на зелена маса да ја добие титулата, па по ваквата одлука уште еднаш соопшти дека најпрво ќе достави жалба до КОНМЕБОЛ, а доколку добие нов негативен одговор, ќе се пожали и до Судот за спортска арбитража (ТАС).

Но ниту Ривер не седи со скрстени раце, па и тие најавија дека ќе достават жалба до КОНМЕБОЛ. Ривер ја обжалува одлуката реваншот да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ а не како што првично требаше на „Монументал“. Популарните „милионери“ исто така сметаат дека е престрога паричната глоба од 400.000 долари како и играње два меча без публика, па и овие две одлуки ќе бидат обжалени.

И додека КОНМЕБОЛ има почни раце работа со жалбите, тешко е за верување дека ќе биде преиначена одлуката мечот да се игра во престолнината на Шпанија. Па затоа двата клуба веќе прават логистички планови за пристигнување во Мадрид следната недела и резервирање на тренинг центри каде ќе се подготвуваат за пресметката.