24фудбал

Куртоа го прочита Батшуаји како буквар, Реал ја совлада Валенсија (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-0 ја совлада Валенсија на Сантијаго Бернабеу, но гостите има за што да жалат откако пропуштија неколку добри шанси за изедначување.

Шпанија

По киксот против Еибар, „Кралевите“ им се вратија на победите вo Ла Лига, вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ триумфираа со 2-0 во дербито со Валенсија.

Реал поведе веќе во 8. минута, Вас си постигна автогол. Избраниците на Солари беа подобар противник во првиот дел, но на пауза заминаа со минимална предност.

Во продолжението од мечот Валенсија го подигна нивото, креираше неколку добро шанси, а најсериозната ја имаше нововлезениот Батшуаји, кој се најде очи во очи со сонародникот Куртоа, но голманот со одлична интервенција одбрани. Судијата досуди офсајд, но од повторените снимки се виде дека позицијата е регуларна, па доколку напаѓачот ја затресеше мрежата, ВАР ќе требаше да ја исправи неправдата.

Само неколку минути подоцна, Реал направи контра а Лукас Вазкез ги постави конечните 2-0 и ги осигура трите бода.