24фудбал

Дефанзивец на Парма ја прими топката како во одбојка и го почести Милан со три бода (ВИДЕО)

Кутроне и ВАР им донесоа победа на „росонерите“ во дуелот со Парма, гостите поведоа на Сан Сиро, но домаќините направија пресврт и се радуваа на триумф од 2-1.

Италија

Милан се врати во топ четири на табелата откако попладнево пред своите фанови стигна до победа во дуелот со Парма.

Популарните „млекари“ на почетокот од сезоната го изненадија Интер, и гостите се заканија дека одново ќе се радуваат во Милано откако стигнаа до предност на стартот од вториот дел.

По еден корнер, Инглесе скокна највиско на првата статива и го совлада Донарума за 0-1. Но само пет минути подоцна Милан изедначи, Кутроне одлично се снајде и од тежок агол погоди за 1-1.

Домаќините во 71. минута направија комплетен пресврт откако еден од фудбалерите на Парма во сопствениот шеснаесетник прими топка како вo одбојка, па судијата со помош на ВАР покажа на белата токча а Кеси прецизно ја изведе најстрогата казна.