24фудбал

ВАР во Лигата на шампионите уште од осминафиналето!

Иако беше најавено дека ќе почне од идната година да се користи во Лигата на шампионите, УЕФА се предмосли и реши да воведи ВАР уште оваа сезона почнувајќи од осминафиналето.

Лига на Шампиони

Извршниот комитет на УЕФА денеска во Даблин реши ВАР да се користи во Лигата на шампионите почнувајќи од февруари 2019 година кога стартуваат осминафиналните натпревари.

Оваа одлука е донесена по успешното тестирање на технологијата во изминатите месеци.

„Подготвени сме да користиме ВАР порано отколку што планиравме и сме уверени дека тоа ќе биде од корист на нашите натпреварувања и ќе биде од значителна помош за судиите и ќе доведе до редуцирање на грешките“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.