24фудбал

Елмас добил предупредување од Куман

Од Македонецот се очекува многу во очајната сезона која Фенербахче ја има, притисокот врз него е голем, а извесно е дека холандскиот стратег нема идеја како да ги склопи коцките во тимот.

Македонија

Фенербахче има катастрофален старт во новата сезона од турската Суперлига, каде во моментов е во долниот дел од табелата, а по 13 одиграни натпревари има само 13 освоени бода, односно, три бода предност во однос на последно пласираниот Ризеспор, а цели 17 бода негатива зад лидерот Истанбул Башакшехир.

Турските медиуми пишуваат дека нашиот 19 годишен интернационалец од редовите на гигантот од Истанбул, Елиф Елмас, добил предупредување поради својата лоша форма од страна на неговиот тренер Ервин Куман.

Се вели дека Куман имал забелешки на лошото позиционирање на Македонецот за време на натпреварите, со што наводно се оставало голема дупка во средниот ред на Фенербахче.

Елмас е најстандардниот фудбалер во средниот ред на Фенербахче во моментов со 13 настапи и 1 постигнат гол од досегашните натпревари во Турција.

Извесно е дека холандскиот стратег не е задоволен ниту од Алжирецот Ислам Слимани, кој на 10 настапи постигна само еден гол, па тамошните медиуми пишуваат дека освен Елмас, предупредување од Куман добил и Слимани.