24фудбал

Фановите на Лидс со критики до Алиоски, Биелса застана во одбрана на Македонецот

Македонскиот репрезентативец имаше доста активен период, освен настапите за тимот од Еланд Роуд, беше дел и од репрезентативните собири, неговиот тренер од Лидс, Биелса јасно им стави дознаење на фановите на англискиот тим дека неговата висока оценка за Алиоски останува иста а притоа даде и објаснување за таквиот став.

Македонија

Лидс одлично ја почна новата сезона, игра одличен фудбал под кормилото на новиот тренер Марсело Биелса, а по 20 одиграни натпревари се наоѓа на второто место во англиската Чемпионшип дивизија, со бод заостанување зад лидерот Норвич (40).

Сепак, фановите на тимот од Еланд Роуд немаат баш висока оценка за перформансите на нашиот 26 годишен репрезентативец, Езгјан Алиоски, кој го одигра сите натпревари досега а притоа постигна и три погодоци.

Популарниот Џани често трпи критики на негова адреса од фановите, а тие веќе му порачаа на Биелса дека наместо Македонецот, шанса повеќе треба да добива 18 годишниот Кларк, а во пораките на социјалните мрежи наведуваат и статистика, во која предност има младиот Англичанец, но, аргентинскиот стратег им испрати јасна порака во однос на оваа тема.

Лидс славеше минимално на гостувањето кај Шефилд јунајтед, а Алиоски беше повлечен од игра по само едно полувреме, а на негово место влезе токму Кларк, на паузата мрежите мируваа.

Тоа не беше замена од тактичка природа, тоа беше замена поради тоа што Алиоски се здоби со повреда ја објасни својата одлука Биелса.

Вредноста која му ја давам на Алиоски е многу важна, таа е се уште истата, не е променета, моето мислење за висока оценка за неговите квалитети останува иста, тој секогаш ќе има влијание во тимот“ порача Аргентинецот.

Толку брзо, Алиоски веќе одигра 30 натпревари (во сите конкуренции), ги одигра сите натпревари во Чемпионшип дивизијата, како и интернационалните натпревари, невозможно е во такви околности да имате пад на формата, тоа е мошне тешко“ заклучи Биелса.