24фудбал

Лука Модриќ ја доби „Златната топка“ и ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо

Лука Модриќ ја освои „Златната топка“ и ја прекина десетгодишната доминација на Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Останато

Очекувањата се остварија, Лука Модриќ ги обедини сите награди откако вечерва ја доби и најпрестижната, „Златната топка“.

По точно десет години, фудбалот добива нов најдобар фудбалер на годината откако точно една деценија Лео Меси и Кристијано Роналдо ја добиваа „Златната топка“.

Кристијано Роналдо овој пат беше втор, третото место му припадна на Антоан Гризман, четврти беше Мбапе, а петти Меси.

За прв пат беше доделена и „Златна топка“ за најдобра фудбалерка, неа ја доби норвежанката која игра за Лион, Ада Хегерберг.

За прв пат беше доделена и награда за најмлад фудбалер, таа му припадна на Килијан Мбапе.