24фудбал

„Поради мафија и алчни луѓе за пари Роналдо не ја доби Златната топка“

Сестрата на Кристијано Роналдо, Елма Авеиро на својот инстаграм профил го искажа својот бес откако „Златната топка“ му беше доделена на Лука Модриќ.

Останато

Лука Модриќ ја доби „Златната топка“ и ја прекина доминацијата на Роналдо и Меси. Португалецот не се појави на свечената церемонија.

Неговата сестра, Елма Авеиро смета дека Роналдо повторно требало да ја добие наградата за најдобар, и смета дека зад наградите постои заговор и личен интерес на поединци.

„За жал ова е светот во кој живееме, трул, со мафија и курвини синови кои трчаат по пари. Но силата на Бог е многу поголема од сета оваа трулост. На Бог можеби му треба време, но на крајот ги исправа работите“, напиша сестрата на Роналдо на својот инстаграм профил.