24фудбал

Роналдо се враќа на Бернабеу, му се јавил на Перез и побарал карта за „Суперкласко“, а доаѓа и Меси!

Според пишувањата на АС, пресметката помеѓу Ривер и Бока на Сантијаго Бернабеу дополнително ќе биде зачинета со присуството на Лео Меси и Кристијано Роналдо на трибините.

Шпанија

КОНМЕБОЛ одличи реваншот помеѓу Ривер и Бока во финалето од Копа Либертадорес да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 9. декември со почеток во 20:30 часот.

АС пренесува дека телефонските линии на Реал Мадрид биле блокирани по веста дека тие ќе го организираат мечот. „Кралевите“ добиле еден куп повици и барања за билети, а тоа дури го сторил и Кристијано Роналдо.

Весникот пренесува дека ЦР7 лично се јавил и побарал билети за „Суперкласико“. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез веднаш излегол во пресрет и треба да седи покрај него во ложата, па Кристиајано Роналдо во недела за прв пат ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ откако направи трансфер во Јувентус изминатото лето.

Мечот помеѓу Ривер и Бока од трибините ќе го следи и Лео Меси. Аргентинецот билети побарал од Фудбалската федерација на Шпанија, која со задоволство му излегла во пресрет.

На двете фудбалски ѕвезди исто така им бил понуден и привилегиран третман, но ниту Меси, ниту пак Роналдо не побарале ништо специјално.

АС додава дека Меси ќе пристигне во Мадрид во недела наутро бидејќи во сабота го чека меч со Еспањол, додека пак Кристијано Роналдо целиот викенд ќе го помине во престолнината на Шпанија со оглед на тоа дека неговите обврски со Јувентус се во петок, кога ги чека дербито со Интер.