24фудбал

Гризман со забелешки за „Златната топка“: Можеби Европското има поголема важност од Светското?

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, кој со својата селекција Франција го подигна пехарот од последното Светско првенство кое изминатото лето се одржа во Русија, има забелешки по обелоденувањето на освојувачот на Златната топка.

Останато

Лука Модриќ ја освои престижната награда „Златна топка“, а по цели десет години сопрена е доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но, Антоан Гризман, фудбалерот на Атлетико Мадрид има забелешки за конечната одлука кој да ја добие таа награда.

Штета е што таа награда не ја доби Французин“ рече офанзивецот на шпанскиот прволигаш алудирајќи на светската титула која ја освои селекцијата во која и тој е дел.

Можеби Европското првенство е многу поважно од Светското првенство...“ додаде тој, а притоа одговори и на прашањето што му е потребно за да ја освои оваа престижна награда.

Ова е добро прашање, но, би му честитал на Модриќ за наградата, имаше одлична година, јас лично сум среќен за успесите кои ги забележав во мојата година, ги остварив сите зацртани цели, секако дека би сакал и јас да ја освојам Златната топка, можеби тоа ќе се случи идната година“ заклучи Гризман.