24фудбал

Ангеловски: Прво во мислите ни е Летонија, групата е неизвесна и потребна е борба

Македонија квалификациите за европскиот турнир ги почнува со дуелот против Летонија на домашен терен во март, селекторот Ангеловски вели дека мислите се насочени токму кон тој натпревар, а повтори дека групата е неизвесна, но потребна е борба.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство во 2020. година кое ќе биде одржано во 12 различни земји, нашите фудбалери се најдоа во групата „Г“ каде за ривали ги имаат Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.

Селекторот Игор Ангеловски веднаш по добивањето на противниците истакна дека групата е релативно израмнета, а Македонија влегува со нескриени амбиции, тој повтори дека целта е конкуренција за висок пласман, заклучи дека е потребна борба за остварувањето на амбициите.

Веднаш после извлекувањето на групата реков дека наша цел е да бидеме во конкуренција за висок пласман до крајот од квалификациите. Мораме да веруваме во себе и во своите квалитети. Како селектор, заедно со стручниот штаб сме фокусирани на првиот натпревар против Летонија на домашен терен“ вели Ангеловски кој додава дека групата е неизвесна и ќе биде потребна голема борба.

Ќе ги анализираме сите противници, но одиме од натпревар во натпревар. Имаме две релативно блиски патувања, во Словенија и Австрија, три од првите четири натпревари ги играме на домашен терен и ќе направиме сѐ што е во наша можност да бидеме со што е можно повеќе бодови на тие воведни натпревари. Групата е неизвесна и ќе биде голема борба, без разлика на распоредот“ заклучи селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација.


Извор: ffm.mk