24фудбал

Реал Мадрид имал скаути на дербито Рома - Интер

Дербито во Рим го следеле и скаути од европскиот шампион, скаути кои имале посебни насоки за тоа кои фудбалери да добијат оценки за нивната игра, се работи за двајца, едниот од редовите на Рома, другиот на Интер.

Шпанија

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Интер испратил скаути за дефанзивецот од редовите на Рома Костас Манолас, односно напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, и тоа за дербито во Серија А изминатиот викенд кое на Олимпико заврши без победник, со резултат 2-2.

Тутомеркато пишува дека на трибините од арената во Рим имало претставници на европскиот шампион, кои под будно око го следеле настапот на Манолас, односно Икарди.

Подолг период Икарди е опција за шпанскиот гигант, Аргентинецот има откупна клаузула во договорот со Нероаѕурите во висина од 110 милиони евра, со важност во јули (1-15).

Гркот Манолас пак, има откупна клаузула во договорот со Римската волчица во висина од 36 милиони евра, а за него интересот е исто така голем од европските гиганти.