24фудбал

Победа ја исфрли Шкендија, ќе има нов освојувач на купот

Победа со 2-0 ја совлада Шкендија и со вкупни 3-0 го елиминираше актуелниот освојувач на Купот на Македонија, во полуфиналето се пласираа и Беласица, Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров.

Македонија

Победа направи големо изненадување во Купот на Македонија откако во четвртфиналето ја елиминираше Шкендија која е актуелен освојувач на ова натпреварување.

Победа со триумф од 1-0 се врати од Тетово по првиот натпревар, а добриот резултат од тој меч го потврди и денеска во реваншот кој го доби со 2-0.

Денеска Јаник Макота даде по еден гол во двете полувремиња и ја израдува прилепската публика, Победа ќе игра во полуфинале.

Изненадување направи и Македонија Ѓорче Петров која уште еднаш го совлада Работнички, овој пат на негов терен го победи со 1-0 со гол на Христијан Кировски на 20 минути до крајот.

Во полуфиналето се пласираа и двете струмички екипи, Академија Пандев со 6-1 го доби реваншот против Кораби, а Беласица уште еднаш со 2-0 го совлада Силекс.


Резултати четвртфинале Куп на Македонија:

Победа - Шкендија 2-0 (1-0)

Работнички - Македонија ЃП 0-1 (0-1)

Беласица - Силекс 2-0 (2-0)

Кораби - Академија Пандев 1-6 (1-3)

Во заграда се резултатите од првите натпревари.


Фото: ФК Шкендија