24фудбал

Ништо од враќање во Милан, Ибрахимовиќ останува во Лос Анџелес

Златан Ибрахимовиќ нема да се врати во Милан, неговата фамилија преферира да остане во САД и тој ќе ја продолжи кариерата во ЛА Галакси.

Италија

Ибра силно се поврзуваше со враќање во Милан, информациите од Италија дури велеа дека тој постигнал шестмесечен договор со клубот.

Но, последно е дека тој нема да се врати во Европа, ќе ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Галакси.

Неговата фамилија преферира да останат во Лос Анџелес и Ибрахимовиќ ќе го направи тоа.

Се очекува Рмаин Алесандрини и Џовани Дос Сантос да си заминат од Лос Анџелес со што ќе се отвори можност Ибрахимовиќ да биде еден од тројцата играчи кои ќе можат да добијат високи примања.

Ибра сега има плата од 1,5 милиони долари по сезона за разлика од Дос Сантос кој заработува 6 милиони долари годишно.