24фудбал

Македонските селекции до 17 и 19 години ги добија противниците во квалификациите за ЕП

Македонските репрезентации до 17 и 19 години денеска ги дознаа квалификациските групи за Европските првенства во 2020 година.

Македонија

Нашата селекција до 19 години е во групата 11 заедно со Англија, Босна и Херцеговина и Луксембуг. Натпреварите ќе се играат во Македонија во периодот од 13. до 19. ноември.

Двете првопласирани селекции од секоја група и една најдобротретопласирана ќе се натпреваруваат во елитната рунда на квалификации кои се играат пролетта 2020 година.

Македонската репрезентација до 17 години е во групата 1 заедно со Полска, Белгија и Лихтенштајн. Натпреварите на овој турнир ќе се играат од 9. до 15. ноември 2019 година а домаќин е Полска.