24фудбал

Балотели до навивачите на Милан: Немате никаква почит!

Контроверзниот напаѓач им возврати на навивачите на италијанскиот прволигаш кои не посакуваат негово враќање во дресот на Росонерите, тој тоа го направи на социјалните мрежи, а во коментарот напиша дека тие немаат никаква почит.

Италија

Напаѓачот Марио Балотели кој дел од својата кариера ја мина во редовите на Милан упати жестоки критики до навивачите на тој клуб, поради, како што тој вели, непочитување на неговото време минато во дресот на Росонерите.

Убаво е се уште тоа што го слушам од многу навивачи на Милан кои не посакуваат да се вратам во клубот“ напиша Италијанецот на социјалните мрежи.

Но, тоа е во ред, еден ден си им потребен, другиот не“ додаде контроверзниот напаѓач.

Немам никакви планови за тоа што понатаму, јас само сакав да го напишам ова за да посочам за едно големо непочитување на една база на навивачи кои секогаш ќе ми бидат во срцето“ заклучи Балотели.