24фудбал

Тензичните релации со Емери, го селат Озил во Италија?

30 годишниот плејмејкер наводно нема добар однос со неговиот нов тренер во Арсенал, а тоа отвора простор за негово евентуално заминување од Лондон уште во јануарскиот преоден рок, како следна негова дестинација се најавува Италија.

Англија

Месут Озил годинава потпиша нов договор со Арсенал, но, тоа се случи во моментите кога Арсен Венгер се уште беше шеф на стручниот штаб на Премиерлигашот, со тоа, тогаш се стави крај на сагата со Германецот, но, сега повторно, истата се активира.

Се шпекулира дека Озил не е во добри односи со Унари Емери, наследникот на Венгер на клупата на Арсенал, Тутомеркато пишува дека дека релацијата помеѓу нив е доста тензична, а токму поради таа причина истиот медиум наведува дека Озил би можел уште во јануарскиот преоден рок да си замине од Лондон.

Германскиот плејмејкер често беше критикуван поради своите перформанси во дресот на Топчиите, особено на оние натпревари со поголемо значење, а не така одамна, пред само два месеци тој направи инцидент, откако нервозно реагираше по одлуката на Емери да го извади од игра против Кристал Палас, по што Германецот фрли шише.

Како следна дестинација на Озил се најавува Италија, а за неговите услуги голем интерес пријавува Интер.