24фудбал

И Атлетико Мадрид се увери дека Калиниќ не го бива, бараат нов напаѓач

Според „Марка“, Атлетико Мадрид во јануари ќе донесе нов напаѓач бидејќи не се задоволни од Никола Калиниќ кој беше донесен како сериозно засилување.

Шпанија

И покрај очајната сезона во Милан и фактот дека беше избркан од репрезентацијата на Хрватска од СП поради лошиот однос кон националниот тим, Атлетико Мадрид даде дури 15 милиони евра за да го купи Калиниќ.

Иако Хрватот имаше фантастична шанса да се докаже и да покаже дека ниту Милан ниту селекторот Далиќ не се во право што се откажаа од него, тој не ја искористи.

За четири месеци откако е член на Атлетико Мадрид, настапи само на 11 средби од кои на шест како стартер. Првиот гол за Атлетико го даде дури пред два дена и тоа на најмалку важниот натпревар, веќе решен реванш од првата фаза од купот против четвртолигаш.

Диего Симеоне не може да се потпре на Калиниќ и кога Диего Коста е повреден, затоа побарал од клубот да биде ангажиран нов напаѓач.

Кариерата на Калиниќ оди во надолно ниво, а со потегот на Светското првенство тој ги изгуби симпатиите кај сите во хрватската јавност, но и пошироко.