24фудбал

Пола Јувентус на Бернабеу гледа Ривер-Бока, од Роналдо ни трага ни глас (ФОТО)

Кристијано Роналдо сепак не се појави на Сантијаго Бернабеу за мечот помеѓу Ривер и Бока во финалето од Копа Либертадорес, но на трибините имаше неколку играчи на Јувентус.

Јужна Америка

Медиумите од Шпанија најавија дека спектаклот помеѓу Ривер и Бока во Мадрид ќе биде зачинет со присуството на двете најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата, Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Аргентинецот се појави вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ заедсно со својот син и уште неколку фудбалери на Барселона (Пике и Алба), но од ЦР7 нема ни трага ни глас и покрај тоа што половина Јувентус е во свечената ложа.

На социјалните мрежи Пауло Дибала и Леонардо Бонучи се пофалија дека го гледаат финалето во Копа Либертадорес заедно со Кјелини, Перин, Де Шиљо и Бентанкур.


Од другите познати „фаци“, на „Бернабеу“ вечерва е присутен и Антоан Гризман во дрес на Бока, заедно со соиграчот Годин како и тренерот Диего Симеоне.


Хамес Родригез, кој од Реал е на позајмица во Баерн, исто така е на трибините како и Мауро Икарди од Интер, кој мечот го гледа заедно со сопругата Ванда Нара и нејзината сестра.