24фудбал

Арсен Венгер ќе му биде тренер на Елмас?

Во турските медиуми се шпекулира дека Арсен Венгер е сериозна опција за клупата на Фенербахче каде што стандардно настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Останато

Фенербахче игра очајна сезона, Филип Коку доби отказ по брза постака, а ниту неговиот помошник Куман кој остана не донесе подобри резултати.

Турскиот гигант синоќа доживеа нова катастрофа откао со 3-0 загуби на гостувањето кај Ахишар и сега е на 16. позиција на табелата.

Според турските медиуми, управата наскоро ќе назначи тренер кој ќе има капацитет да го извади клубот од криза, а како една од посериозните опции се споменува Арсен Венгер.

Легендарниот тренер на Арсенал во моментов е без ангажман, тој не ја крие желбата дека наскоро сака да му се врати на фудбалот, останува да видиме дали ќе го одбере Фенербахче.

Пристигнување на Венгер во Фенер би била добра вест за Елмас бидејќи и францускиот стратег важи за тренер кој им дава шанса на младите играчи.