24фудбал

Од пораз во Скопје до ѕвезда на Дортмунд, цената на Санчо вртоглаво порасна за речиси 80 милиони евра! (ФОТО)

Фудбалската опсерваторија ЦИЕС ги корегираше цените на играчите во петте најсилни првенства во Европа, за само три месеци, цената на 18 годишниот Џејдон Санчо скокна за речиси 80 милиони евра.

Останато

ЦИЕС попладнево го објави својот нов извештај за вредноста на фудбалеите од петте најсилни првенства во Европа. Споредбено со извештајот кој беше објавен во септември, најголем скок има Џејдон Санчо.

18 годишната ѕвезда на Борусија Дортмунд сега вреди 87,9 милиони евра, што е за 78,2 милиони евра повеќе во споредба со пред три месеци.

Англичанецот се пресели на Сигнал Идуна Парк на 31. август 2017 откако не најде заеднички јазик со Манчестер Сити за продолжување на соработката. Во својата прва сезона во редовите на „милионерите“ не добиваше многу шанса но затоа пак блесна оваа.

Изминатиов викенд донесе победа над лутиот ривал Шалке и стана најмладиот стрелец во историјата на дербито на Рур. Со три гола и една асистенција, тој беше избран за играч на месецот во Бундеслигата во октомври, а доби и повик од Саутгејт и дебитираше во првиот тим на Англија.

Интересно, Џејдон Санчо во март гостуваше во Скопје кога Македонија се сретна со Англија во елитната група од квалификациите за Европското првенство за играчи до 19 години. Тогаш нашите надежи беа поуспешни и со головите на Атанасов и Митровски славеа со 2-0.