24фудбал

Роналдо им резервираше ложа ама не им кажа од каде да влезат, Дибала и компанија се изгубија на Бернабеу (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус синоќа имаа мало непријатно искуство пред мечот помеѓу Ривиер и Бока, беа вратени од пред вратите на Сантијаго Бернабеу откако го промашија влезот.

Италија

Реваншот во финалето од Копа Либертадорес кој вчера се одигра во Мадрид привлече многу фудбалски „фаци“ на Сантијаго Бернабеу.

Лео Меси со Пике, Алба и Бускетс беше на трибините, како и Гризман и Годин од Атлетико Мадрид, Хамес Родригез од Баерн, Икади од Интер и уште многу други.

Иако се најавуваше враќање и на Кристијано Роналдо, ЦР7 не се појави и покрај тоа што половина тим на Јувентус беше на Сантијаго Бернабеу.


Дибала, Бонучи, Кјелини, Перин, Де Шиљо и Бентанкур уживаа во фудбалското шоу и се пофалија на социјалните мрежи.

Медиумите сега откриваат интересен момент од пред мечот, кога Дибала и компанија беа вратени од пред вратите на Сантијаго Бернабеу.

Причина е тоа што го погрешиле влезот и мораа од друга страна да пристапат до ложата која им ја резервирал токму Кристијано Роналдо.