24фудбал

Со овој турски судија нема шега... (ВИДЕО)

Турски арбитар се најде во центарот на вниманието откако сакаше да му покаже кој е кој на теренот во еден меч од тамошната Суперлига, каде фудбалер на Бурсаспор најпрво негодуваше на една негова одлука, а потоа се соочи со не баш пријатно лице на судијата.

Останато

Анталијаспор има одлична сезона, барем засега, по 15 кола се наоѓа на третото место на табелата со само четири бода заостанување зад лидерот Истанбул Башакшехир, а изминатиов викенд славеше на гостувањето кај Бурсаспор со 0-2.

Домаќините тешко се помирија со овој пораз, а на истиот во бележникот на главниот арбитар од средбата влегоа дури четворица од нивниот табор, еден од нив беше и Бразилецот Алано.

Во Турција, а воедно и пошироко, доста интересен беше моментот кога Фират Ајдинус му додели жолт картон на Бразилецот, иако овој протестираше, Ајдинус сакаше да му покаже на Алано кој е кој на теренот...