24фудбал

Манчестер јунајтед категоричен за тоа што ќе направи со Погба во јануарскиот преоден рок

Се шпекулира дека Премиерлигашот од Олд Трафорд веќе ја донел одлуката за тоа што ќе стори при евентуални понуди за својот фудбалер, и наводно е категоричен во таа одлука, од поодамна е познат интересот од Јувентус, но, и од Барселона исто така.

Англија

Според информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека Манчестер јунајтед нема никакви планови за да го продаде Пол Погба во јануарскиот преоден рок, Премиерлигашот наводно ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат за трансфер на Французинот идниот месец.

Се шпекулира дека постои голем интерес од Јувентус, а од италијанскиот првак силно посакуваат да го вратат Погба во своите редови, познато е дека Барселона од поодамна имаат интерес за услугите на фудбалерот од средниот ред.

25 годишниот Погба има исклучително тешка сезона, иако го освои Светското првенство во Русија изминатото лето со својата репрезентација, а на истиот турнир имаше одлични изданија, се соочи со потешкотии во играта во Манчестер јунајтед, неговиот однос со Жозе Мурињо не е баш во најдобро светло, а токму односот со Португалецот беше главна тема извесен период на Островот.