24фудбал

Валверде соопшти вест која сигурно нема да му се допадне на Интер

Тренерот на Каталонците најави многу ротации во составот кој ќе го изведе на теренот за утревечерната пресметка со Тотенхем на Камп Ноу, тоа е нешто што сигурно отвора можност за изненадување на Премиерлигашот, кому очајно ќе му биде потребна победа.

Лига на Шампиони

Лучијано Спалети, тренерот на Интер, утрешниот дуел со ПСВ на домашен терен во последното, шесто коло од групната фаза во Лигата на шампионите го подвлече како најважниот за него откако е на клупата на Нероаѕурите.

На Интер ќе му биде потребна победа, но, истовремено, на Италијанците нема да им оди во прилог евентуална победа на Тотенхем кај Барселона, со таков исход Нероаѕурите ќе ги завршат своите настапи во елитното европско клупско натпреварување.

Барселона веќе осигура место во елиминационата фаза, првото место во групата е веќе осигурано, а за Ернесто Валверде, гостувањето кај Леванте во сабота е многу важен меч за неговата екипа, веројатно да се оддалечи од ривалите на табелата во Примера, каде во моментов Каталонците се лидери, па соопшти не така добра вест за Интер, тој најави многу ротации за дуелот со Тотенхем, сигурно ќе одмори неколку ѕвезди, па така, се отвора можност за изненадување на Премиерлигашот, а евентуален таков исход би значел елиминација за Интер.

Ќе имаме многу ротации во составот кој ќе излезе утревечер на теренот, сево ова ќе го направиме бидејќи играме натпревар од големо значење во сабота во Примера, а оние на кои ќе им укажеме прилика, ќе покажат колку можеме да сметаме на нив во иднина, како и да е, одиме на победа против Тотенхем“ беа зборовите на шефот на стручниот штаб на Каталонците.