24фудбал

„Реал Мадрид е интересна опција за секој тренер“

Лев е под договор со репрезентацијата на Германија до 2022. година, тој се споменуваше како решение за клупата на шпанскиот гигант по заминувањето на Зидан, но, таа опција не се реализираше, тој признава дека Реал Мадрид како клуб е интересна опција за секој тренер.

Шпанија

Селекторот на Германија, Јоаким Лев го опиша Реал Мадрид како клуб кој е интересна опција за секој тренер, откако тој наведе дека треба да размислува за тоа што понатаму.

Елиминацијата на Панцирите уште во групната фаза од Светското првенство кое изминатото лето се одржа во Русија, го стави во не баш сигурна позиција Лев, а тој и самиот вели дека размислува за идните планови.

Моите мисли сега се насочени кон тоа што би правел по ова...“ рече Лев.

На оваа позиција сум подолг период и мислам дека е време да почнам да размислувам за тоа што после Германија, сигурно нема да преферирам да продолжам во Германија, мојата иднина ја гледам вон таа земја. Реал Мадрид? Тоа би било интересна опција за секој тренер“ заклучи Лев.