24фудбал

Анчелоти: Тортата е веќе направена, останува уште шлагот!

Италијанскиот прволигаш славеше минимална победа во дуелот со Ливерпул на домашен терен, но, сега го очекува голем тест на гостувањето на Островот, Анчелоти вели дека сите посакуваат да играат во атмосфера каква што секогаш ја има на Енфилд.

Лига на Шампиони

Наполи утревечер на Енфилд го чека голем предизвик, гостува кај Ливерпул кој има фантастична сезона, барем досега во Премиерлигата, каде е на врвот од табелата без ниту еден пораз.

Калчолигашот во групата „Ц“ од Лигата на шампионите е прв со 9 бода, следат ПСЖ со 8, односно Ливерпул со 6 бода, Карло Анчелоти, шефот на стручниот штаб на Наполи упати пофалби за Енфилд и атмосферата на трибините на таа арена, но, тој додаде дека сите посакуваат да играат во таква атмосфера.

Тоа е преубав стадион, еден од најдобрите во светот, сите знаат за пасијата на нивните навивачи, но, одлично е да се играат вакви натпревари на вакви стадиони“ рече Анчелоти.

Не се плашиме, сите сакаат да играат пред таква публика, Ливерпул ќе има многубројни фанови на трибините, но, Наполи ќе има околу 3000 навивачи на трибините, и уште 40 милиони низ светот кој ќе навиваат за нас“ додаде Италијанецот.

Анчелоти верува дека неговата екипа ќе го задржи првото место во својата конкуренција, ПСЖ гостува кај Црвена звезда, а тој пред само некоја седмица истакна дека никој не е на сигурно во оваа група, алудирајќи на тоа дека натпреварите во Белград не се баш лесни за секоја екипа.

Ова е голем тест, тортата е веќе направена, сега останува уште шлагот!“ порача Анчелоти.