24фудбал

Фоден не сака да ги следи стапките на Санчо, одби трансфер во Дортмунд и остана верен на Сити

Манчестер Сити денеска соопшти дека талентираниот Фил Фоден ставил потпис на нов договор, тинејџерот се обврза кон „Граѓаните“ до 2024 година.

Англија

Џејдон Санчо има метеорски скок во кариерата откако во август 2017 го напушти Етихад и се пресели на Сигнал Идуна Парк во потрага по поголема минутажа.

Тој оваа сезона блесна во Бундеслигата, стана првотимец на „милионерите“ а со тоа и пазарната вредност енормно му се зголеми, или речиси 80 милиони евра за три месеци, а со добрите настапи си обезбеди и место во сениорскиот состав на Англија.

Фил Фоден сепак одби да го следи чекорите на својот врсник и патот до голема фудбалска ѕвезда ќе го бара во Манчестер Сити. Младиот Англичанец беше желба на Борусија Дортмунд и уште неколку други клубови, но реши да стави потпис на нов договор со „Граѓаните“ и да се обврзе до 2024.

Фил Фоден, кој важеше за поголем талент од Џејдон Санчо во школата на Манчестер Сити, има ограничена минутажа и прашање е колку може да се наметне во овој состав на Пеп Гвардиола преполн со скапо платени ѕвезди, па останува да се види како ќе се развива неговата кариера и дали ова ќе биде прав потег.