24фудбал

Македонија У21 ги доби противниците за квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги доби противниците во квалификациската група за пласман на Европското првенство.

Македонија

Македонија се падна во групата 6, заедно со селекциите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарските Острови.

Натпреварите од квалификацискиот циклус започнуваат од 18. март 2019 година.

Победниците од сите квалификациски групи обезбедуваат директен пласман на Европското првенство кое ќе се игра во Унгарија и Словенија. Двете најдобро второпласирани репрезентации ќе играат во бараж.