24фудбал

Де Лаурентис: Што доколку бидеме елиминирани? Ништо...

Првиот човек на италијанскиот прволигаш тврди дека ништо нема да промени евентуална елиминација за клубот кој е лидер во исклучително тешката конкуренција покрај ПСЖ и Ливерпул во групната фаза од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Наполи вечерва го чека тешко гостување во пеколната атмосфера на Енфилд каде ќе ги одмери силите со Ливерпул, кому не му преостанува ништо друго, освен да дојде до победа, во спротивно, Премиерлигашот ќе се соочи со елиминација уште во групната фаза од Лигата на шампионите.

Претседателот на италијанскиот прволигаш, Аурелио Де Лаурентис, тврди дека ништо нема да промени евентуална елиминација за неговиот тим, единствено, нешто големо од оваа година што ќе остане во клубот, ќе било Карло Анчелоти.

Постои убава атмосфера во тимот, ова е навистина еден голем натпревар, доста важен за нас“ рече Де Лаурентис.

Лигата на шампионите е едно големо натпреварување кое одзима големо внимание кај јавноста, што доколку бидеме елиминирани? Ништо нема да промени тоа, за мене, најголемото нешто од оваа година оставува Анчелоти, само му е потребно време“ заклучи првиот човек на Наполи.

Во моментов, на табелата во групата „Ц“, Наполи е прв со 9 бода, следи ПСЖ со 8, Ливерпул со 6, односно Црвена звезда со 4 освоени бода од досегашните пет одиграни кола. Во втората пресметка од оваа конкуренција, ПСЖ гостува кај Црвена звезда.