24фудбал

Почетни состави: Галатасарај – Порто, Шалке – Локомотив Москва

Со почеток од 18,55 часот се играат првите натпревари за денеска, предвидени во првата рунда натпревари од шестото, последно коло од груната фаза од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Во рамките на групата „Д“, Галатасарај на домашен терен го пречекува Порто, а во истата конкуренција, Шалке пред своја публика ќе ги одмери силите со Локомотив Москва.

Галатасарај мора на победа, а исто и Локомотив Москва, па така, турскиот тим ќе настапи во формација 4-3-2-1, а голови од домашниот табор најмногу ќе се очекуваат од Дердијок. На спротивната страна, Порто ќе настапи со тројца во најистурената офанзивна линија, каде во нападот од првата минута ќе стартуваат Хернани, Марега и Лопез.


Без право на грешка, ако сака да остане во европските натпреварувања, нема ниту Локомотив Москва, која ќе настапи со двајца најистурени во нападот, и тоа Фарфан, односно Едер. Домаќинот Шалке ќе напаѓа со Конопљанка и Тушер.


На табелата во оваа конкуренција, прв е Порто со 13 бода, првото место е веќе загарантирано за португалската екипа, а Шалке го обезбеди второто место со 8 бода. Ќе има битка за третото место кое води во Лига Европа, каде во моментов со 4 бода е Галатасарај, односно, со бод повеќе во однос на Локомотив Москва.