24фудбал

Во Хрватска се шпекулира: Динамо Загреб може да „лапне“ четири до пет милиони евра за Адеми

Нашиот репрезентативец има договор со тимот од Загреб со важност до 2023. година, тој веќе се врати на големата фудбалска сцена, проблемите кои го наследија со суспензијата се веќе минато, а се шпекулира дека би можел да направи богат трансфер во јануарскиот преоден рок.

Македонија

Наскоро почнува преодниот рок за трансфери, а хрватски „Германијак“ пишуваше за тоа кои се опциите во хрватскиот фудбалски шампионат, капитенот на Димано Загреб, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е подвлечен како опција, доста интересна за богатиот Ал Итихад, каде шеф на стручниот штаб на таа екипа е Славен Билиќ, поранешниот хрватски селектор.

Екипата од Саудиска Арабија сигурно не би имала ништо против да ја исполни желбата на Билиќ, доколку постои таква секако, а таа, според некои очекувања, би го чинела тој клуб од четири до пет милиони евра.

Аријан Адеми – Капитенот на екипата во мај ќе наполни 28 години, сега му е идеална прилика за трансфер во странство. Се споменува Ал Итихад, каде тренер е Славен Билиќ, тој е добро запознаен со квалитетите на Адеми, а во касата на Модрите би можело да капнат помеѓу четири и пет милиони еврапишуваат во Хрватска.