24фудбал

Почетни состави: Ливерпул и Наполи фрлаат се’ на една карта

Со вечерашните натпревари се спушта завесата од дел во групите во Лигата на шампионите, дербито на вечерта ќе се игра на Енфилд каде Ливерпул на домашен терен го пречекува Наполи.

Лига на Шампиони

Ливерпул и Наполи ќе го стартуваат вечерашниот дерби меч од последното коло во групната фаза, со доста офанзивни формации, веќе се познати и почетните состави на обете екипи, па од тоа што можеме да го проследиме, сосема извесно е дека ќе има офанзивен фудбал.

Наполи како прв од групата „Ц“, ќе се обиде да го задржи тоа место, а на Ливерпул му одговара само победа пред своја публика, првиот меч против својот вечерашен ривал, го загуби минимално на негов терен. Во истата конкуренција, ПСЖ гостува кај Црвена звезда. На табелата, Наполи е прв со 9 бода, следи ПСЖ со 8, Ливерпул со 6, односно Црвена звезда со 4 бода.

Во таборот на домаќините од првата минута ќе стартува триото во нападот Мане, Салах и Фирмино, на спротивната страна ќе проследиме идентична формациска поставеност од 4-3-3, исто како и во домашниот табор, а нападот на италијанската екипа ќе го сочинуваат Калјехон, Мертенс и Инсиње.


Еве ги и останатите почетни состави на другите натпревари...