24фудбал

Галатасарај поразен од Порто, но продолжува во Лига Европа (ВИДЕО)

Веќе се комплетираше групата „Д“ од Лигата на шампионите, а освен тоа што од пред одигрување на натпреварите во оваа конкуренција беа познати патниците во елиминационата фаза од ова натпреварување, познат е патникот во Лига Европа.

Лига на Шампиони

Порто иако од претходно го имаше обезбедено првото место во оваа група, сепак, славеше на гостувањето кај Галатасарај со 2-3, а на полувремето гостите имаа предност од 1-2.

Фелипе уште во 17. минута донесе „студен туш“ за домашните навивачи кои сигурно постојатно беа во тек со резултатот од вториот натпревар од оваа група. Веќе во 42. минута Марега го дуплираше водството на Порто, а Фењули со гол од пенал во самата завршница од првиот дел намали на 1-2.

Оливеира во 57. минута веќе зголеми на 2-3, а сешто успеаа во продолжение домаќините да сторат, беше само намалување на поразот од 2-3, со погодокот на Дердијок во 65. минута, само две минути подоцна Фењули промаши во ударот од белата точка.




На вториот натпревар од истата група Шалке славеше минимално над Локомотив Москва со голот на Шoф во 90. минута, а конечниот расплет во групата „Д“ е следен: 1. Порто 16, Шалке 12, Галатасарај 4, Локомотив Москва 3. Патник во Лига Европа од оваа група е тимот на Галатасарај.