24фудбал

Јаја Туре се врати во Англија, се надева дека ќе игра во Премиерлигата

Откако си замина од Олимпијакос, Јаја Туре се врати во Англија каде што и е неговиот дом, тој се надева дека ќе потпише за клуб од Премиерлигата.

Англија

35-годишниот Туре по само три месеци го напушти Олимпијакос. Тој имаше договор според кој ќе му се плаќа толку колку што ќе игра, но грчкиот клуб западна во финансиска криз и со заедничка согласност се разделија со фудбалерот.

„Скај Спортс“ пишува дека Туре се вратил во Лондон каде што е неговиот дом и се надева дека ќе продолжи да игра во Премиерлигата.

Тој имал понуди од Кина и САД, но сака да биде во Англија со фамилијата, па ги одбил сите предлози од клубовите кои се надвор од островот.

Јаја Туре за Манчестер Сити одигра 230 натпревари, постигна 59 голови и три пати ја освојуваше Премиерлигата.