24фудбал

Озил не е интересен за Јувентус

За поранешниот германски репрезентативец повторно се шпекулира дека е на излезна врата од редовите на Премиерлигашот, Јувентус имал понуда од неговите агенти за да преговара за евентуален трансфер, но, од Старата дама категорично го одбиле тој предлог.

Италија

Јувентус наводно имал опција да почне преговори за ангажман на Месут Озил од Арсенал, но, италијанскиот првак ја отфрлил таа идеја која им била понудена од агентите на фудбалерот од средниот ред на Топчиите.

Поранешниот германски репрезентативец не е во прв план кај новиот тренер во редовите на Премиерлигашот, Унаи Емери, а тој наводно е очаен од таа ситуација во која се наоѓа, пишува Калчомеркато.

Според информациите, агентите на Озил го понудиле својот клиент како опција до Јувентус, но, од таму ставиле јасно дознаење дека немаат никаков интерес за ангажман на овој фудбалер. Се вели дека спортскиот директор на Старата дама, Фабио Паратичи, без никакво двоумење ја одбил приликата да разговара за евентуален трансфер на Озил во Јувентус.

Озил подолг период беше во неизвесна ситуација околу тоа што ќе одлучи за неговата иднина, но, на крајот 30 годишниот фудбалер се реши да потпише нов, долгогодишен договор со Премиерлигашот, а сега повторно за него се шпекулира дека е на излезна врата од тимот од Лондон.