24фудбал

Валверде за мајсторијата на Дембеле: Таков гол можат да постигнат само фудбалери со талент како неговиот (ВИДЕО)

Шефот на стручниот штаб на Каталонците не ги криеше импресиите од феноменалниот гол на младиот фудбалер на Барселона, тој претрча половина терен за да погоди против Премиерлигашот кој беше во неизвесна ситуација, но, на крајот продолжи во елиминационата рунда од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Иако натпревар без никакво резултатско значење за Барселона, сепак, голема прилика за докажување за Осман Дембеле, кој постигна фантастичен гол против Тотенхем во ремито на Камп Ноу од 1-1.

Дембеле претрча половина терен за да постигне преубав гол, а тој изминатиов период се соочуваше со големи критики на своја адреса поради проблемите кои ги има со дисциплината, веројатно желбата да даде одговор на сето тоа, беше голема кај него.

Говорејќи за мајсторијата на Французинот, шефот на стручниот штаб на Каталонците, Ернесто Валверде посочи.

Осман постигна голазо, ваков гол можат да постигнат само фудбалери со талент како неговиот“ рече тој.

Проблемите мора да ги надминеме, веднаш, ние сме екипа, ние сите имаме една иста желба тука, да забележуваме победи, сешто посакуваме е да имаме победничка екипа“ заклучи Валверде.

Доколку случајно го пропуштивте голот на Дембеле...